Основи за движење во снежни услови на планина


За сите оние кои досега не се сретнале со основната опрема за движење во зима на планина, а сепак имаат желба да планинарат во снежни услови, важно е да се разбере дека без основната тројка: цепин, дерези и кацига не треба ни да се помислува да се тргне на било каква посериозна тура која во себе има движење по заледени и снежни падини или снежни јазици.
Втора и многу поважна работа од самото поседување на оваа опрема е ЗНАЕЊЕТО ЗА НЕЈЗИНО РАКУВАЊЕ! Одиме на видеата и запамтете дека не се учи само од гледање видеа, туку потребно е и да се вежба, а затоа најдобро е да направите иницијатива во вашето планинарско друштво и лиценцираните водачи кои ќе ве упатат на правилно користење на опремата.
1. Користење на дерези
2. Одење по снежна падина (правење на газиште)
3. Правење на газиште со цепин
4. Самоспасување со цепин
5. Самоспасување со цепин 2 (доколку почнете да лизгате)