Сите лица на лавината

Погоре следи едно мало видео објаснување од Американскиот Центар за Лавини каде се разработуваат четирите елементи со кои се служат метеоролозите во нивната комуникација со цел поедноставно да го сместат и класифицираат можниот ризикот за лавини за одредена локација во една од 5те скалила за опасност од лавини.
Овие четири елементи всушност ја дополнуваат класификацијата и служат за подетално анализирање и стекнување на осет за веројатните улови и ситуација на терен.
Важно е да се напомене дека планинарите и скијачите никогаш не треба да се придржуваат само на првичната класификација од 5 скалила туку потребно е да да се гледа целокупната слика од информации и услови на лице место кои ќе им помогнат во креирањето на целата слика и носење на одлука за движење во одреден дел од планината. Ова е особено важно бидејќи понекогаш „навидум” две исти класификации носат дијаметрално различен ризик од лавини…
Нешто повеќе за лавините гледајте тука