Добредојдовте во рачно изработениот забавен парк на Бруно

Луна паркот на Бруно претставува целосно еколошки забавен простор кој е изграден комплетно рачно, но и не користи никаква механизација, струја ниту пак енергенси. Сите деца, па и возрасни деца кои сакаат да се забавуваат на над 30-те луна парк машини ќе треба да го мрднат задникот, да се испотат и бутнат за да си го заслужат своето возење.
Биле потребни над 40 години за развивање и изработување на сите овие забавни машини кои денеска се сведок на една убава и искрена идеја вредна за инвестирање.