Вести

Голем број на луѓе ги тестираа новите NIKE PEGASUS 33 SHIELD патики (видео)

Сите заинтересирани имаа можност да ги тестираат новите SHIELD PACK модели вчера во ТЦ Рамстор во Скопје. За заинтересираните кои ги пробаа и тестираа новите SHIELD модели беа обезбедени и награди.

Nike Shield колекцијата вклучува производи специјално изработени и наменети за трчање во променливи (зимски) временски услови. Терморегулацијата е една од најважните работи при вежбање на ниски температури. Одржувањето на температурата на телото на соодветно ниво, без прегревање, е основната придобивка која Nike Air Pegasus 33 Shield Pack ја овозможува на тркачите.

width=635

width=635

Концептот на Nike Air Pegasus 33 Shield Pack е всушност специјалниот иновативен DWR (трајно – водоотпорен) премаз од надворешната страна на патиката кој го штити стапалото од дожд и снег, додека ласерски дизајнираниот ѓон има подобрена тракција (шари како кај зимските пневматици за автомобили) која го олеснува дури и трчањето на снег. Shield колекцијата ги вклучува и моделите LunarEpic Flyknit, Pegasus, Structure и Free, што им овозможува на тркачите да си одберат модел кој најмногу ќе им одговара и со кој ќе уживаат во трчањето и во текот на зимата.

Колекцијата, освен патиките, вклучува и нова колекција на облека за тренинг за тркачите со што ќе бидат комплетно опремени за трчање на ладно и влажно време. Тестирањето на опремата започна вчера во Рамстор мол од 12 часот и траеше до 17 часот, cо специјална подршка од NRC и најбрзиот македонски маратонец Кокан Ајановски како и NTC со лиценцираниот фитнес инструктор Елена Бубало. Моделите на Nike Air PEGASUS 33 SHIELD од вчера се изложени и достапни во продажнитe места на Sport Vision во Скопје (Ramstore mall, City mall, Capitol mall и ГТЦ).

width=635

width=635

← Назад кон архивата