Другарството шума направи

Во Кина постои еден од најинспиративните тимови кои досега имаат посадено над 10 илјади дрва. Тимот се состои од двајца. Едниот го изгубил видот пред скоро 2 децении, другиот ги изгубил рацете уште како дете.
Иако одделно се соочуваат со многу потешкотии во секојдневниот живот, заедно се неверојатно успешен тим што придонесува за останатите.
Другарски и шума може да се направи, затоа повикај пријател и на садење!