Пиколино

Пет активности што можете да ги правите со вашите деца во природа

width=635

Во суштина активностите и игрите во природа се едукативни, забавни и економични. На пример ливчињата од цветовите множат да им послужат на малите математичари за броење. А виножитото може да претставува одлична инспирација за младите уметници. Затоа злезете со вашите деца надвор и уживајте во следниве активности.

1. Направете маска од лисја.
Прво прошетајте се и соберете лисја.Нацртајте маска на картон во каква и да сакате форма. Нацртајте очи и пресечете го картонот. Дупнете две дупчиња од страна на маската за д аможете да врзете ластиче што ќе ја држи маската. Децата нека ги залепат лисјата на маската. Почекајте лепилото да се исуши и маската е готова за употреба.

2. Одете на сафари каде ќе разнесувате семиња
Станува збор за семиња на кои им е потребна вистинската околина за да пораснат. Затоа облечете чорапи над чевлите и тргнете во сафари во најблиската шума. На тој начин ќе соберете семиња од шумата и ќе ги разнесете на други локации каде ќе можат да пораснат.

3. Закопајте богатство
Охрабрете ги вашите деца да нацртаат мапа со богатство. Богатството треба да се скрие и на мапата да се означи со Икс (X). Оваа активност може да ја направите во вашиот двор или во дворот во градинката или во училиштето.

width=635

4. Станете набљудувачи на облаци
Поминете едно попладне во гледање на облаци на небото. Обидете се да ги анализирате и да ги препознавате во разни облици од секојдневниот живот. Потоа охрабрете ги децата да земат еден лист да го нацртаат за нив најинтересниот облак и да залепат топчиња памук врз цртежот.

5. Мерете ги нештата со стапчиња
Во дамнешно време луѓето немале метро за да мерат разни предмети. Тие се служеле со стапчиња и со камења. Па така може да им дадете задача вашите деца да си ја измерат собата со неколку стапчиња. Или можат да го измерат дворот и колку е тој долг со поставување на неколку поголеми камења.

Наташа Г. Илиоска

Бреинобреин едукатор 

← Назад кон архивата