Здравјето на спортистите пред сè


ДНЕВЕН РЕД
10.00-10.30 Хируршки третман на повторувачка (хабитуална) нестабилност на рамениот зглоб / Д-р Борислав Илиев
10.30-10.45 Прашања и одговори
10.45-11.15 Скршеници на проксимален хумерус. Оперативен третман-наше искуство / Д-р. Христијан Костов
11.15-11.30 Прашања и одоговори
11.30-12.00 Евалуација на мускулни повреди кај спортистите – Д-р Виолета Василевска
12.15-12.30 Прашања и одоговори
12.30-13.00 Евалуација и превенција на повреди на долни екстремитети кај ракометарките / Д-р. Зоран Ханџиски
13.00-13.15 Прашања и одоговори
13.30 Завршни констатации и коктел
Семинарот ќе се одржи на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
МОК ги замоли НСФ-ии да ги известат своите членки, спортските клубови односно членовите на Здравствената комисија на НСФ-ии, како и другите стручни лица во состав на НСФ-ии, за кои сметат дека треба да присуствуват на овој семинар. Сите спортско-медицински лица кои се заинтересирани за својата ре-едукација, во горе наведените области, можат да се пријават преку својата институција која согласно своите административни должности, ќе ги пријави истите за учество на овој семинар на е-маил: mok@mok.org.mk.