Откриваме новости за Мариово Офф-роуд 2017


karas4training.com: Здраво Боби. Што имаш ново да ни кажеш за Мариово?
Боби: Уште од сега можам да ви кажам дека ќе има многу новитети и измени. Терминот за фестивалот го поместуваме за две недели порано и ќе биде од 12 до 14 мај, а имаме и нова локација, манастирот Свети Илија на патот за Витолиште.
karas4training.com: Ќе има ли измени во репертоарот на спортски активности?
Боби: За сега можам да најавам дека другите спортови остануваат истите, но со многу измени. Повторно ќе има велосипедизам, планинарење, планинско трчање, аеробик и болдеринг, а сега воведуваме и кејвинг – спелеологија, односно посета на пештера во близина на селото Мелница.

karas4training.com: А што е со културно-уметничките активности 🙂
Боби: Во однос на забавниот дел најавувам помирна акустична музичка програма со што повеќе акцент ќе се стави на уживањето во природата на Мариово. Оваа година се враќаме на изворната причина за организација на овој фестивал, а тоа е привлечноста на самиот регион. Да се потсетиме како беше на почетокот и да сфатиме дека Мариово е еден суров регион полн со авантура и предизвици, но воедно и прекрасно место за уживање, спорт и рекреација.
Ги поканувам сите уживатели на аутдор спортовите да го прифатат предизвикот во Мариово.