Вести

Дали знаете што е снежна стреа?

Во зимски, снежни услови, планинските гребени кои преминуваат во стрмни провалии честопати знаат да бидат локација каде снегот се насобира и прави стреи кои практично немаат цврста основа во нивната база т.е. едноставно висат. Затоа бидете екстремно внимателни во овие делови од планината, односно, воопшто не ни се приближувјте до некаков раб во услови на голем снег.

Првите 6 секунди од погорното видео го прикажуваат токму ова, а покрај тоа што типот имаше среќа за некои 30 сантиметри да не биде на таа локација, во продолжение успеа некако да ѝ избега на сериозната лавина која го зафати на спуштањето после ова. 

Препорака – не се глупирајте на вакви услови!

← Назад кон архивата