Флора-фауна

Планинско трчање – како до подобра форма

width=635

Скратете го чекорот


Најголемиот дел од тркачите кои практикуваат планинско трчање имаат бенефит од скратување на чекорот во тркачкиот циклус. Краткиот чекор ви дава можност да реагирате побргу на препреките на патот и го ублажува импактот врз зглобовите и меките ткива. 


Навалете се од зглобовите

Пробајте да одолеете на потребата да се навалите нанапред со рамената и колковите, посебно кога се качувате нагоре. Наместо тоа, исправете го грбот и навалете се благо од зглобовите. Рамената не смеат да бидат напред туку исправени и во линија со грбот. Сето ова го превенира непотребниот стрес и притисок врз грбот и кичмата и остава простор на белите дробови поголем простор за непречено вдишување.

width=635

Користете ги рацете

Дланките нека ви бидат во опуштена тупаница. На рамните делови и успони, свиткајте ги лактите под агол од отприлика 90 степени и пуштете ги слободно да се движат. Притоа треба да запаметите дека движењето на рацете тргнува од рамената. На крајот од секое замавнување со раката, зглобот на дланката треба да завршува близу до колкот на ногата. Правилната техника и користење на рацете може да превземе голем дел од тежината и заморот на нозете (посебно при искачувањата) како и да ги елиминира непријатните болки во рамената.

Како до подобар спуст

За добар спуст во треил трчањето потребни се време и тренинг. Неизбежни се добрата техника, силните квадрицепси, јадрени мускули и одличното балансирање. Подобрете го балансирањето со тоа што ќе ги отворите лактовите нанадвор. Иако можеби излгеда нелогично сепак и во спуст вашето тело треба да биде благо навалено нанапред. Како и во скијањето, држењето на телото пред вашиот центар на гравитација ви дава поголема контрола врз движењата и брзината отколку кога би биле навалени наназад. Трудете се да се газите на предниот или средишниот дел на стапалото. Доколку газите на пета, вашето тело не може да биде навалено напред и целата гравитациска сила ќе се пренесе на овој дел од стапалото, што лесно знае да предизвика и повреди. 

width=635

Како до полесно качување

Кратките чекори се уште поважни при качувањата. Со нив полесно се одржува темпото и се намалува можноста за повреди на: ахиловата тетива, задната ложа, листовите и глутеусите. Кога стрмнината е многу голема пробајте со брзо одење (качување) наместо трчање. Ваквото качување е значително полесно за вашето тело и организам а сепак брзината е идентична како и кога би трчале.

Треил трчањето е комплексен спорт, но сепак почива на истите принципи како и останатите спортови на издржливост. Во вашиот неделен тренинг план секогаш имајте 2-3 дена резервирани за силов тренинг во кои посебно ќе обратите внимание на јадрените мускули и нозете.

width=635

← Назад кон архивата