Супер атмосфера и посетеност на третото издание на Струмина Треил во Штип


Струмина Треил претставува трка во планинскот трчање од отворен карактер која се одржува веќе трета година за ред во градот Штип и неговите околни ридови. Должината на патеката е 18 километри во кои се совладува висинска разлика од 800 метри а истата е во организација на македонското здружение за планинско трчање и спортови во природа ТРЕКС.
Оваа година на настанот беа срушени повеќе рекорди, почнувајќи од бројот на луѓе присутни на настанот, и бројот на натпреварувачи, до временските рекорди на стазата во машка и женска конкуренција.

Стартуваа вкупно 107 натпреварувачи, и исто толкав број ја завршија трката, а најбрзи на стазата беа Мери Мирческа и Александар Стојкоски од Прилеп кои и двајцата поставија нови најдобри времиња на стазата.

Второ место во женска конкуренција припрадна на Одри Вурхес од САД, а трета беше Елена Џекова. Кај мажите втор беше Дејан Тодевски а трет Александар Кирковски.
Третото издание на Струмина Треил само потврди дека планинското трчање и спортовите во природа се во вистински позитивен подем во Македонија.

