Вести

Дизела со нов рекорд на патеката околу Витоша

width=608

Патеката на која Дизела го постави новиот рекорд е добро познатата патека околу планината Витоша на која веќе долги години се одржува настанот „Витоша 100” каде може да учествуваат тркачи, велосипедисти или дуатлонци. Таа е долга 90 километри и има висинско искачува од околу 2000 метри, а досега никој не успеал да ја симне границата од 8 часа во трчање. 

width=635

Овој понеделник на 31.10, бугарскиот планински тркач и поранешен шампион во ориентирање Кирил Николов Дизела успеа да ја симне оваа граница и да ја истрча Витоша за 7:39:03 што е за повеќе од 20 миниути побрзо од претходниот рекорд на Андреј Гридин поставен минатата година. 

Рекордот кој е надвор од официјалното натпреварување кое се одржува во месец јуни наиде на различните реакции на спортската јавност во Бугарија, но сепак мора да се честита на подвигот кој не е ни малку лесен. 

Инаку Кирил оваа година имаше одлична сезона во Светската Скајранинг Лига каде успеа да се класира на третото место и покрај сериозно силната конкуренција. 

width=635

← Назад кон архивата