Вести

Бен Смит успеа да истрча 401 маратон за 401 ден

width=635

Со старт минатата година на 1 септември, започна хуманитарната акција на фондацијата Kidscape водена од Бен Смит која зацрта цел да собере средства за поттикнување на програма против силеџиството врз децата во Британија. За собирањето на средствата, самиот Бен реши да трча по еден маратон секој ден. 

Во неговото детство овој човек се соочувал со силеџиство од страна на одредена група на деца која траела цели осум години и истата значително влијаела врз карактерот на Бен, менувајќи ја неговата доверба и нарушувајќи ја неговата сигурност. 

width=635

Откако тој созрева, откако минува период на депресија во неговите 20ти години и откако се пронаоѓа како хомосексуалец, тој решава да формира фондација преку која ќе се помогне на сите деца кои се во ваква ситуација и воедно ќе влијае врз подигнување на свесноста низ целата држава за негативните ефекти од овие навидум детски работи. 

Преку програмата тој успеа да собере преку 250 илјади фунти, а низ предизвикот кој траеше 401 ден, тој изгуби 20 килограми, истроши 22 пара патики, заработи една кила со која се справи и се врати на патеката и успеа да истрча 401 маратон за 401 ден.

width=635

Првите 284 денови Бен немал некои поголеми проблеми, но тогаш му се појавила умбиликална хернија (кила) која го одвратила 10тина дена. Овие километри тој успеал да ги надокнади во наредниот период – пишува BBC. 

На последното трчање се придружија голем број на деца и луѓе кои ја поддржаа неговата акција. 

← Назад кон архивата