Вести

Биди дел од планинарскиот предизвик наречен „12 врвови”

width=635

Од изминатиот викенд, па низ секој нареден месец до другата година ова време, планинарското друштво „Трансверзалец” заедно со здружението „Единствена Македонија” и партнерот Алгасан ќе организираат искачување на поедини помалку познати планински врвови распослани по територијата на нашата држава на кои ќе може да се приклучи секој заинтересиран граѓанин со основна подготовка за планинарње. 

Засега се веќе откриени 12те врвови и одделни планини кои се влезени во списокот и веќе е познат распоредот на месеците во кои ќе се одвиваат акциите, а секој учесник добива книшка која ќе треба да си ја пополни со потпис и печат од одговорните за успешно реализирана акција. Овој викенд на 02.10 се одржа и првата акција со искачување на врвот Лисец 1935 м.н.в. на планината Голешница. 

width=635

Целта на предизвикот е да се откријат, истражат и запознаат помалку познатите планински врвови во Македонија кои си имаат свое специфично географско, историско и културолошко значење во нашата држава, а притоа луѓето да се поттикнат на рекреативно планинарење кое е во голем подем во нашата држава. 

Во него може да учествува секој полнолетен граѓанин и планинар, кој поседува добра физичка и психичка подготвеност за целодневни планинарски походи, а на крајот од исполнетиот предизвик, оние кои ги имаат искачено сите врвови ќе добијат значка и признание за исполнетите акции како и книга „Материјали по изучувањето на Македонија” од македонскиот револуционер Ѓорче Петров издадена во 1896 година која е адаптирана од Марио Шаревски. Во голем дел од оваа книга Ѓорче Петров ги опфаќа, опишува и ги обработува планините, врвовите, релјефот и природата на Македонија.

Следете го предизвикот ТУКА

width=635

 

← Назад кон архивата