Друго

Снежната сезона во Швајцарија е 5 недели пократка од просекот во 1970

width=635

Намалувањето и ублажувањето на бројот на зимски денови низ центрите во Европа, светот и кај нас се случува со едно константно темпо кое, за жал, станува се позабележително. Затоплувањето и големиот број на осцилации во температурата на годишно ниво покрај тоа што влијае исклучително негативно целата природа и еколошките биосистеми, таа влијае негативно и врз скијачката индустрија каде загубените зимски денови значат и загубени работни денови.

Овие промени се дефинитивно воочливи и на наша територија, каде било кој граѓанин може да ви посочи какви точно зими имала Македонија и нејзините планини пред 30 и повеќе години споредбено со денешниве години. Сепак, студијата е правена во дефинитивно туристички светлосни години понапредната Швајцарија каде зимскиот туризам е на високо ниво и овие статистики се прават на регуларно ниво.

Мерењата биле правени на регуларно ниво низ 11 скицентри во оваа држава на висина од 1000 па до 2500 метри над морето, а податоците од сите станици биле за прв пат споени во една поголема студија водена од Мартин Ребец.

Резултатите откриваат дека без разлика на висината и географската локација на ски центарот, забележани биле намалувања во снежната покривка на сите станици. Најголеми промени имало во пролетниот период кога се почесто е многу брзото топење на снегот, но метеоролозите велат дека не треба да се запостави и многу важното доцнење на снегот во есенскиот период. Бројките велат дека во денешно време зимата просечно си заминува 25 дена порано и доаѓа околу 12 дена покасно отколку во 1970 година. Истотака, забележан е и голем пад (25%) во максималната дебелина на снегот.

Во ист период, северната хемисфера на земјината топка изгуби огромни површини на глечери, а 2015 година на глобално ниво имаше најслаба снежна покриеност во изминатите 500 години.

← Назад кон архивата