Колку се корисни штеките за планинарење


Во модерното време стапчињата за планинарење можат да се најдат во најразчини должини, материјали на изработка и тежини. Во скијањето тие најчесто служат за подобро балансирање и одржување на ритам при свртувањата, додека кај планинарењето и пешачењето тие му го олеснуваат движењето на вашето при активноста.
Без разлика на тоа дали ги употребувате на рамен терен (познато уште како нордиско пешачење) или пак на техничко искачување, штеките за планинарење ќе ви помогнат да го забрзате вашето просечно темпо на движење. Употребата на овие помагала во голема мера го намалува влијанието на гравитацијата врз вашите нозе, колена, зголобови и стапала, бидејќи тежината на вашето тело е поинаку распоредена.

Во една студија на The journal of sports medicine од 1999 година, докажано е дека со нивната употреба за 25% се намалува компресивната сила врз колената но и останатите зглобови на нозете. Тоа пак значи дека ќе можете подолго време да престојувате во природа, притоа работејќи на вашата издржливост и потрошувачка на калории.
Покрај ова, штеките за планинарење ќе ви помогнат на поефективен начин да го вклучите и горниот дел од телото посебно рацете, рамената и грбот. Помагаат и за полесно балансирање кога теренот е технички, можат да бидат од помош во момените кога треба да се заштитите и се секогаш добредојдени како екстра опрема во случаи на нужда. Ние искрено и топло ви препорачуваме да ги вклучите како дел од вашата викенд прошетка или како дел од опремата за трчање доколку се бавите со планинско трчање. Ви гарантираме дека и во двете варијанти престојот во природа ќе ви биде попријатен.