Друго

Октомври почнува со национална акција за чистење

width=635

Денеска како вовед за утрешната национална акција, започна чистење на Матка.

Утре низ цела Македонија ќе се чисти – затоа што сите сакаме да ги снема дивите депонии и несовесно фрленото ѓубре. 

Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016″ кој има за цел:

  • да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината,
  • да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и 
  • да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.

Во акцијата ќе учествуваат граѓански организации, општини, училишта, компании и волонтери кои ќе помогнат да се исчистат и илузиите дека отпадот ќе исчезне сам. Твојот интерес за почиста држава насочи го на следниот линк, информирај се и активирај се за чистење.

Линк

← Назад кон архивата