Вести

Тестирај Ford и доби вредносен ваучер

width=635

Во следниот период, компанијата Ми-Да Гранд Моторс одлучи своите најпосакувани возила Ford Mondeo и Ford Focus да ги понуди со Trend ниво на опрема и дизел мотори по промотивни цени во рамки на кампањата „Заљуби се во патот повторно“.

Исто така во склоп на оваа кампања, во следниот месец, Ми-Да Гранд Моторс доделува ваучер за попуст во висина од 200 евра (во денарска против вредност) за купување ново патничко Ford возило со важност до крајот на годината.

„Сите заинтересирани за нашата понуда на Ford возила, на едно место, ќе може да се информираат на нашата нова веб страница www.ford.mk. Секој што ќе закаже тест возење на возило од нашата гама преку нашиот сајт, ќе добие ваучер за попуст во висина од 200 евра (во денарска против вредност) при купување на ново патничко Ford возило. Ваучерите ќе се доделуваат во следниот месец, а ќе важат до крајот на годинава. На овој начин, сакаме да ги мотивираме граѓаните да ги испробаат возилата и да се уверат во удобностите на Ford возилата”, вели Предраг Николовски, маркетинг менаџер во компанијата.

Контакт лице:

Предраг Николовски
Ми-Да Гранд Моторс
076/242260

За „Форд Мотор Компани” (Ford Motor Company)

„Форд Мотор Компани” е глобална компанија за автомобили и мобилност со седиште во Дирборн, Мичиген. Со околу 199.000 вработени и 67 постројки низ целиот свет, основната дејност на компанијата вклучува дизајн, производство, маркетинг, финансирање и сервисирање на цела линија автомобили, камиони, спортски автомобили и електрифицирани возила „Форд”, како и луксузни возила „Линколкн” (Lincoln). Во исто време, „Форд” постојано бара нови можности преку „Форд Смарт Мобилити” (Ford Smart Mobility), планот на компанијата да биде лидер во поврзаност, мобилност, автономни возила, искуство на клиентите и податоци и анализа. За повеќе информации во врска со ‘„Форд”, неговите производи низ целиот свет или „Форд Мотор Кредит Компани” (Ford Motor Credit Company), посетете ја www.corporate.ford.com.

← Назад кон архивата