Втората Македонка патува на глобалната спортска менторска програма


Силвија ќе партиципира во програмата која ќе се одвива во Вашингтон и Њујорк и по завршената програма ќе се стекне со титула-нов лидер за глобалната спортска менторска програма 2016та, а заедно со менторката Сусан Цохиг (заменик претседателка на Националната Хокејска Лига) ќе развијат акциски план за ТАКТ, кој ќе се имплементира во Р.Македонија а ќе опфаќа зајакнување и унапредување на жените преку спорт.
Силвија Митевска во минатото беше професионален параглајдинг пилот и своевремено се натпреваруваше во дисциплината крос кантри и акробатско параглајдерство. Таа е втора Македонка која ќе земе учество во оваа престижна програма, по Илина Арсова која е една од основачите и активните членови на ТАКТ, Скопје.
