Вести

Полски нуркач ќе го руши рекордот на Казати во пештерата Врело

width=635

Во организација и на покана на нуркачкиот клуб „Акаватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“, Старнавски веќе неколку денови, заедно со тимот од домашните нуркачи ги прави подготовките и нуркањата во пешерата Врело, по што ќе се обиде да го сруши рекордот на Казати.

Подвигот на Старнавски ќе трае окулу десет часа и како што велат домашните нуркачи за него е потребна многу голема концентрација и психо-физичка подготвеност. Тимот од нуркачи од “Акватек“ и “Врело“ кои се сертифицирани пештерски нуркачи, активно учествува во подвигот на Полскиот нуркач и заедно со него прибираат информации за неоткриените делови од подводната пештера. Старнавски во вторникот се спушти на длабочина од 188 метри и ги провери премините и условите за подлабоките нуркања, и со помош на домашните нуркачи го постави хабитатот потребен за декомпресија.

width=635

Во 2010 година Казети се симна до длабочина од 212 метри во десниот крак на пештерата Врело, а се претпоставува дека оттаму кракот повторно се дели на две нови патеки, кои продолжуваат понатаму во длабочина. Оваа пештера досега е исражувана на неколку пати од домашни и странски нуркачки експедиции, при што е испитан само дел од нејзината внатрешност и не се знае до каде точно се простира и на колку метри длабочина е нејзиното дно.

– Целта на оваа експедиција е да се истражат нови премини и делови во Врело во кои досега не стапнал ниту еден човек. Да се приберат податоци за постоење на подводни галерии како и скицирање на подводно-подземните канали на пештерата. Ако се постигне и нов рекорд тоа дополнително ќе придонесе за зголемување на атрактивноста на овој локалитет, како и за развој на туризмот со посетата на пештерата Врело и Кањонот Матка – вели Даниел Атанасовски, сертифициран спелеонуркач од „Акватек“ и додава дека досега, со постигнатите резултати Врело се најде на листата на пештери во коишто нуркачи влегле подлабоко од 200 метри и според неофицијални информации се смета дека нејзината длабочина е 330 метри, што ја прави најдлабоката пештера во светот.

width=635

Инаку Старнавски во 2011 година го собори рекордот кој го држеше Дејвид Шо во нуркање со ребридер и постигна длабочина од 283 метри во Црвеното море, во предел во близина на Дахаб, Египет. 

width=635

← Назад кон архивата