Вести

ОЛИМПИСКИ СЕМИНАР ЗА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ ПО КОШАРКА

width=635

Предавач на тренерскиот семинар беше и селекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Драган Раца.

На семинарот, на кој учествуваа 106 тренери од Македонија, главни теми беа развој на кошаркарите од пред-сениорскиот период (возраст од 17 и 18 години), имплеменатација на техничко-тактички елементи (пресинг, човек на човек на цел терен и одбрана која го забрзува развојот во оваа возраст), специфична подготовка на играчите од различни возраст и во различни околности и слични теми важни за развојот на кошарката, како во Македонија, така и на глобално ниво.

width=635

Семинарот беше бесплатен и задолжителен за сите тренери, а секој учесник бесплатно ја доби книгата “Службени кошаркарски правила 2014”.
Со оваа активност продолжува блиската и координирана соработка на МОК и МКФ како и заедничкото вложување во подобрата иднина на македонската кошарка.

width=635

← Назад кон архивата