Вести

Дунав Ултра 3 – спуштен под 48 часа

width=635

Оваа година Дунав Ултра беше составен од четворица спортски ентузијасти Илијан Лазаров, Филип Лхамсурен, Станислав Евгениев и Борис Бегмов кои ја имаа зацртано истата дистанца како и досега – од видинското село Куделин до Дуранкулак во должина од 682 километри. Разликата беше во тоа што првите 42 километри (маратон) беа зацртани да бидат поминати со трчање, а останатите со возење друмски велосипед. Од екипата беше потребно да заврши барем еден, за предизвикот да биде исполнет. Екипата успеа. 

width=635

Тие тргнаа на 20 август во 6 часот и 10 минути од селото Куделин а на 22, нешто пред 6 часот наутро успеаја да бидат кај таблата на Дуранкулак со што го изминаа скоро целата северна граница на Бугарија т.е. течението на реката Дунав до Дуранкулак, месност која се наоѓа непосредно до Црното Море. 

width=635

Идејата за овој поход е на Борис Бегмов, маркетинг-претприемач од Софија кој до 2010 година води екстремно нездрав начин на живот. Оттогаш, тој решава да се префрли на целосно здрава исхрана, спорт и лајфстајл, а Дунав Ултра е едно од неговите занимации преку летото. 

Минатата година на Дунав Ултра 2, момците успеаја да ја поминат дистанцата со велосипед но во една брзина за рекордни 44 часа. 

← Назад кон архивата