Вести

Неданоски се спушти 866 метри под земја

width=635

Иако условите во Словачка Јама сместена во еден од најбогатите спелеолошки локалитети на Балканот – Велебит во Хрватска, се промениле и ги пореметиле плановите на експедицијата во која учествуваше нашиот млад спелеолог Дарко Неданоски, тој успеа да се симне на длабочина од 866 метри и да мине 4 дена во овие услови.

width=635

Со достигнување на оваа длабочина Дарко стана првиот Македонец кој се спуштил во толку длабока пропаст. Досега, тој (во интевју за Дневник) вели дека посетил околу стотина пештери, а претседателот на спелеолошкото друштво „Златоврв”, Марјан Темовски вели дека Дарко е еден од најактивните спелеолози во Македонија. 

width=635

Најдлабоката пропаст во Македонија се вика „Словачка јама” која се наоѓа на Караџица, а досега е истражена до длабочина од 610 метри иако системот има многу поголем потенцијал. Покрај оваа јама постојат и бројни други пештер и пропасти како „Врело”, „Шаркова дупка”, „Самотска дупка” итн, кои претставуваат одличен потенцијал за развивање на оваа активност и овој вид на туризам кај нас. 

Доколку некој од вас е заинтересиран за посета на ваква активност, тогаш наредниов период спелеолошкиот клуб „Златоврв” и Спелеонуркачки клуб „Ботом Тајм” ќе организираат неколкудневен спелеолошки камп на Галичица – информирајте се повеќе ТУКА. 

← Назад кон архивата