Вести

Најдобриот пријател на тркачот

width=624

Откако минуваат повеќе од 250 километри трчајќи заедно низ монголските пустини, приврзаноста на натпреварувачот Дион и неговиот партнер расте неизмерно, но по завршувањето тие мораат да се разделат. Набргу по неговото враќање, Дион покренува акција за собирање на средства за нивно спојување и носење на кученцето во живеалиштето на Дион – Единбург.

Приказната за интересното пријателство зазема вирални размери на интернетот и голем дел луѓе помогнаа во собирањето на бараните 5000 фунти за потребните вакцинации и транспорт на кученцето од Монголија во Шкотска кој според Дион се очекува да стигне до Божиќ оваа година.

width=635

За време на трката двајцата имале доста интересни моменти на пријателство. Најпрво кученцето трчало со поголемиот дел од групата се до еден период каде се залепило за Дион и го следело во секој негов чекор. Екипата се дружела на повеќедневните етапи низ пустините и планините на Монголија, а во одредени делови Дион морал да го пренесува малиот Гоби низ длабоките реки кои се минувале.

Пријателствата помеѓу човекот и кучињата на вакви трки и настани не се реткост и достега имаме читано и пренесувано за слични вакви случки.

← Назад кон архивата