Финале на летната серија трки Beach Run 2016 во Охрид


На последната трка во Охрид, сите оние кои го минуваат својот одмор, викенд или празник во најпознатата македонска туристичка дестинација, а кои го сакаат трчањето, спортот и активниот одмор, имаат можност да се пријават и да бидат дел од последните 5 километри на Beach Run 2016. Пријавувањето е преку веб страницата www.prvdovrv.mk или на местото на стартот еден час пред почетокот на трката.
По истрчани четири трки во Скопје, Претор, Дојран и Маврово претенденти за искачување на финалниот подиум и освојување на пехарите се Марија Стојановска, Весна Кираџиева, Милена Чкрипеска и Марго Бојаџиева кај девојките, и Дарио Ивановски, Игор Јакимовски, Атанас Анчевски и Пепи Анакијев кај машките. Најдобрите во целата серија ќе поделат паричен награден фонд од илјада евра и ќе добијат врвна спортска опрема за трчање од производителот Најки.
Проектот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка имплементирана од водечкиот партнер „Swisscontact”, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус кои за учесниците и посетителите на настанот обезбедија органско катче со здрави македонски продукти од органско потекло, во насока на доближување и промоција на здравиот начин на исхрана за спортистите и љубителите на спортот.
Beach Run 2016 е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје во соработка со локалните самоуправи и со поддршка од Најки, Форд, Горска, Пакомак, Swiss Contact и Антена5 Радио.