Вести

Силен меѓународен турнир во одбојка на песок во Охрид

width=635

Денес започнува професионалниот турнир во одбојка на песок во рамките на отвореното првенство Beach Volleyball Ohrid 2016 кој оваа година одбележува 10 години постоење и воедно исто толку години организирано играње на овој спорт во Македонија.

Оваа година на турнирот ќе има силна конкуренција од екипи од Македонија, Бугарија, Албанија и Косово, и во машка и во женска категорија. Ланските победници од Косово, Валон Никчи и Џевдет Лајчи кај мажите и Вилдане Јашари и Назмие Ибраими кај жените, се повторно на турнирот во обид да ги одбранат победничките пехари од минатата година.

width=635

Во седумте денови на првенството кое започна во средата, а ќе трае до 2 август се одржуваат и турнири во одбојка на песок за млади одбојкари и одбојкарки до 20 години, за рекреативци и за компании, а токму од денес до недела е најатрактивниот и највозбудливиот дел кога на жешкиот песок на Охридското крајбрежје ќе се натпреваруваат професионалните атлети.

Организаторот оваа година воведе дополнителна плеј-оф програма во последните два дена на Beach Volleyball Ohrid 2016, со цел да им овозможи контакт и искуство со одбојката на песок на сите оние кои сакаат да го пробаат или практикуваат овој спорт.

Настанот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка имплементирана од водечкиот партнер „Swisscontact”, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус кои меѓу другото за учесниците и посетителите на настанот обезбедија органско катче со здрави македонски продукти од органско потекло, во насока на доближување и промоција на здравиот начин на исхрана за спортистите и љубителите на спортот.

Организатор на Beachvolleyball Ohrid 2014 е Beach Volleyball Macedonia во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија и градот Охрид.

← Назад кон архивата