Вести

Неданоски ќе учествува во спелеолошката експедиција „Северен Велебит”

 

Експедицијата ќе опфаќа спелеолошки истражувања на доста тежок терен, Велебит Планина во Хрватска, позната по длабоки пропасти, вклучително и најдлабоката пропаст на Балканот, системот Лукина Јама-Тројама (-1431 m). Главните истражувања ќе бидат насочени кон истражување на нови канали во пропаста Словачка Јама (-1301 m), на длабочина поголема од 700 m, како и истражување на нови длабоки пропасти на масивот. За споредба, надлабоката пропаст во Македонија е Словачка Јама на Караџица, истражена до длабочина од 610 m.

title=Фото

Експедицијата е во организација на Спелеолошкиот отсек на П.Д.С. „Велебит” и Спелеолошкото друштво „Велебит” од Загреб, во соработка со Комисијата за спелеологија при Хрватскиот планинарски сојуз и Загребскиот спелеолошки сојуз.

width=453

title=Фото

Дарко Неданоски е веќе докажан македонски спелеолог, со активно учество во повеќе спелеолошки истражувања во Македонија и странство, како и учество на повеќе обуки и вежби за спасување во пештери во соседните држави.

title=Фото

Повеќе за експедицијата ќе најдете тука:

Повеќе за активностите на Дарко Неданоски и Спелеолошкиот клуб „Златоврв” – Прилеп можете да најдете тука:

← Назад кон архивата