Вести

По Дојран уште понеизвесна табела на Beach Run 2016

width=635

На досега најинтересната трка за публиката во преполниот Дојран, најдобри кај дамите беа Марија Стојановска, Весна Кираџиева и Милена Чкрипеска, додека кај посилниот пол најбрзи беа Дарио Ивановски, Муџахид Мислимоски и Игор Јакимовски.

По ваквиот скор од Дојран, на табелата во вкупен пласман по три трки, кај девојките на врвот се наоѓаат Марија Стојановска со 70, Весна Кираџиева со 62 и Марго Бојаџиева со 39 поени, а кај машките Игор Јакимовски со 57, Дарио Ивановски со 50 и Атанас Анчевски со 45 поени. Малата разлика во поени најавува неизвесен епилог на серијата од која останаа уште две трки, следниот викенд во Маврово и последната во Охрид на крајот од месецот. Милена Чкрипеска кај женските и Муџахид Мислимоски и Пепи Анакијев кај машките, се во реална можност со нови добри резултати да ги променат најдобрите три во двете категории.

width=635

Следната трка од серијата ќе се одржи во Маврово, во недела на 24 јули.
Beach Run 2016 е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје во соработка со локалните самоуправи и со поддршка од Најки, Форд, Горска, Пакомак, Swiss Contact и Антена5 Радио.

← Назад кон архивата