Флора-фауна

Пливам, не гледам кај терам!

width=620

Замаглени очила

Замаглените очила при пливањето или пак нуркање знаат да бидат фактор кој ќе ве тера постојано да застанувате и да немате точна претстава каде се наоѓате и што има на дното. Секако ако сериозно се бавите со пливање, овој проблем може да биде вистинска мака кога со часови сте во базенот кој постојано го гледате замаглен.

Како настанува?

Овој „феномен” во суштина не е ништо повеќе од кондензација која настанува како последица на различните темепратури на вашето тело и водата. Во последно време може да се најдат и очила за пливање кои имаат специјална заштитна фолија која има за цел да го спречи настанувањето на кондензација. Сепак не сите може да си ги дозволат а често и не се достапни, плус тенкиот зашититен слој лесно се оштетува па по некое време нема да ви биде од корист. Затоа ние ви презентираме четири решенија кои докажано помагаат во спречувањето на замаглени наочари:

Спреј

Спрејот против замаглување е специјално направен за оваа намена и истиот може да се најде на понудата на големите произведувачи на пливачка опрема како: AquaSphere, TYR, Speedo, Frog Spit. Се нанесува во тенок слој, се остава кратко а потоа темелно се брише. Ова е најделотворниот начин на превенција од замаглување, единствена маана е можноста за сериозна иритација на очите доколку настане директен контакт.

width=635

Бебешки шампон

Голем број на пливачи носат со себе мала флаша со бебешки шампон. Докажано делува и тоа на ист начин како и спрејот. Се капнува по 2-3 капки на секоја леќа и се остава да отстои 15тина минути по што се плакне. Сето ова остава тенок безбоен слој кој долго трае и е сосема доволна заштита од замаглување.

Паста за заби

Делува на сличен начин како и шампонот и е омилена “тактика” против замаглување на нуркачката заедница.

Плунка

Колку и да звучи смешно или неверојатно, ова е испробан начин за спречување на замаглени очила. Мнозина пливачи никогаш не би ставиле ниту еден препарат близу до своите очи и сериозна бројка од нив се осврнува на својата плунка. Тенок слој околу внатрешноста на очилата ќе обезбеди сосема доволна заштита. Овој начин е со најкратко дејство, но затоа е најевтин.

← Назад кон архивата