Флора-фауна

Зголеми ја силата без екстра тежина

width=610

Честопати се случува по проток на одредено време вашето тело едноставно да престане да реагира на вежбите кои ги правите и со тоа да стагнирате во додавањето на мускулна маса и на додавање екстра сила генерално. Едноставно кажано вашите мускули се навикнале на тежината, повторувањата, движењата и со тоа влегувате во фаза на стагнација. Ако мислите дека единствен начин за напредок во оваа фаза е додавање екстра тежина, се лажете. Ви претставуваме четири методи при вежбањето кои и те како ќе ви помогнат да продолжите со растот.

Правете ја вежбата целосно

Сакајќи да направите што повеќе повторувања од некоја вежба, честопати се случува да изгубите од формата на вежбата и да го скратите опсегот на движење. На пример ако правите склекови, движењето мора да биде комплетирано, односно спуштањето да биде до земја, а кревањето до комплетно исправување на рацете.

width=600

Направете нешто посложено

Ако очекувате дека по неколку месечно правење чучњеви вашето тело ќе реагира исто по серија од 30 повторувања се лажете. Сепак ако во тренингот воведете покомпликувана варијанта на истиот (чучањ со една нога), тогаш можете да очекувате резултати.

Успорете

Водени од модерниот начин на живот, забораваме да „успориме” за време на тренингот. Брзото правење на вежбите можеби ќе ви донесе експлозивност, но тоа не значи сила. Научно е докажано дека спорото повторување на вежбата во многу поголема мера ги оптеретува мускулите, а со тоа и прави поголемо мускулно цепење.

width=635

Работете на техниката 

Откато ќе ги вметнете сите претходни елементи ќе забележите дека вашиот склек, чучањ, згиб или пропаѓање не се така перфектни како што сте замислувале. Запомнете дека независно од тоа дали вежбате од хоби или сте аматери или професионалци, техниката на изведување е нешто што го прави вежбањето совршено. Тоа бара време и упорност, но зарем не е тоа убавината на спортот.

← Назад кон архивата