Вести

14тa последователна титула!

width=635

Настапија 70тина натпреварувачи што е и рекордна бројка кога се во прашања национлни првенства! Делницата (750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање) ја завршив со убедлива победа и тоа ми носи големи шанси да атакувам на 14тa последователна титула, Апсолутен Државен Првак без ниту еден загубен старт.

Иако настапив нецелосно опоравен од повредата на задната ложа со која се здобив пред само 20дена на меѓународнат трка во Пунта Скала (Хрватска) каде ми беше главниот тест и показател дали да стартувам на светскиот куп во Будимпешта на 30ти Јули.

width=213width=192

Будимпешта сакам да ја искористам како поправен тест за се она што се случи во Хрватска, доколку се беше во ред резултатот ќе беше убедливо најдобар поставен од еден македонец и во овие т.н “long distance” триатлони бидејќи до само 6км пред целта бев рангиран во топ 10 од 150 триатлонци. Делниците во Half IronMan се: 1.9км пливање, 90км возење велосипед, 21км трчање) … испливано време во Хрватска 24мин,52сек; 90км возење велосипед 2часа.27мин.03сек и просекот на трчање до тој кобен 15ти км x 4.16/4.25мин на 1км на исклучително тешка и сурова стаза…резултати кои носат вкупно време од сигурни 4часа.25мин.

← Назад кон архивата