Вести

Велосипедскиот „Круг на Македонија 2016”

title=Од

МТДФЕ 2016 ќе го направи долгопланираниот Круг на Македонија што ќе покрие 1500 километри за десет дена, посетувајќи ги сите делови на Македонија. Велосипедистите ќе тргнат од Скопје, преку Благоевград, Разлог, Гоце Делчев во Пиринска Македонија, до Драма, Кавала, Солун, Кожани и Костур во Егејска Македонија, па Мала Преспа, Пустец, Голо брдо во Албанија и Гора во Косово.

width=635

Тимот ќе го сочинуваат Марко Ленчевски и Слободан Трајковски, кои што како членови на МТДФЕ 2014 возеа низ Доломитите и ги искачија Ѕонколан, Џау, Пордои, Мауриа и Монте Грапа. 


Целта за оваа година не се планинските превои, иако ќе се поминат десетина, но велосипедско обединување на сите простори каде се зборува македонскиот јазик, според етничко-географската карта на Димитрија Чуповски од 1913 година.

Експедицијата на пат тргнува во недела на 3 јули, а се очекува да пристигне дома на 12 јули. Дамнешниот сон конечно ќе биде остварен.

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата