Вести

Одбележан меѓународниот ден на Јогата во Македонија

width=635

Целта на настанот беше промоција на јогата како здрав стил на живење, начини за успешно справување со секојдневниот стрес и напнатост и техника за постигнување внатрешна благосостојба и мир.

Во текот на целиот ден, имаше разнолика содржина проткаена со најразлични теми, претставени од различни јога школи. Сесиите беа интерактивни и изобилува со теорија, дискусија, вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација.
Програмата започна во 09.30 со музички перформанс од светските познати музичари Ерхан и Мерсиха Шукри, по што Амбасадорот на Бугарија и Македонија Раџеш Кумар Сачдева се обрати до присутните. Првата сесија беше резервирана за т.н. “Јога протокол” презентиран од Уметност на живеење Македонија, составен од сите најзначајни јога асани во која учествуваше и амбасадорот.

width=635

Потоа следеше забавната сесија Јога за деца на Art Excel, кога децата и возрасните заедно ги вежбаа асаните на детски начин. Сесијата изобилуваше со забава, радост и насмевки. Потоа следеше сесија „Здивот како извор на енергија” водена од Healthy Yoga на која преку теоретски и практични вежби се почувствуваа придобивките од позначајните техники за дишење. Јога клубот Тара зборуваа за „Eнергетско тело” и енергетските центри. Центарот за јога и личен развој ја обработи темата „Јога-техниките – вистински благодет за нашето тело и ум” преку практични вежби и асани, по што следеше јога школата Yogalchemy на тема „Релаксација” во која сите присутни убаво се релаксираа преку техниката јога нидра. Потоа се зборуваше за „Јогата и љубовта” од страна на Јога центар Тафталиџе, каде на еден суптилен начин се опфатија сите аспекти на љубовта кои јогата ги допира и на крај следеше сесијата на Jога забавиште со „Владимир Ѓеоргиев” на тема „Медитација” која заврши со една длабока и свесна медитација.

width=635

Настанот беше посетен од голем број посетители кои во текот на целиот ден уживаа во богатата содржина, и имаа можност да присуствуваат на заедничкиот бесплатен појадок со производите на здава храна „Биокосмос” и да се освежат со водите „Јана”.

width=635

← Назад кон архивата