Вести

Бонев доминира на „Лавиринтот” во Јелашница

width=635

The Maze Rewindпретставува OCR – obstаcle course race што во превод значи трка која покрај трчањето во себе поседува и бројни препреки и замки кои треба да се решат со цел минување и завршување на целта. Нашите пријатели од спорскиот клуб „Трајб” оваа трка ја органзират веќе втора година за ред, на двете понудени трки од 12 и 22 километри оваа година имаа пријавено околу 350 натпреварувачи од 7 земји. 

width=635

Нашиот најдобар претставник во овој спорт кој досега се има докажано на интернационално ниво во повеќе трки низ Европа успеа да дојде до неговата втора апсолутна победа (прва – тука) на стазата. Бонев ја мина стазата долга 22 километри со 1300 метри висинска разлика и повеќе најразлични типови на пречки за време од 3 часа и 3 минути. 

Второпласиран на истата стаза беше Милован Милич со 3 часа и 5 минути, а зад него Милан Ивич со 3:27. Кај девоките редоследот беше вака – Нела Лазаревиќ 4:19, Марија Џорџевиќ 4:24 и Јелени Радосављевиќ 4:52

На трката „Руки” од 12км прв беше Жељко Чориќ за 1:52, втор Марко Стаменковиќ за 2:02 и трет Мишо Вручиниќ кој стазата ја мина една минута после второпласираниот Марко. Кај жените прва веше Јована Стојковиќ за 3:18, втора Јелна Јаковљевиќ 3:20, а трета Ивана Косиќ за 3:32. 

width=635

Од Македонија во „Лавиринтот”  беше присутна и поголема група на македонски спортисти и рекреативци како Ивана Герчаковска, Атанас Наумов, Дамир Смајловиќ, Роберт Илиев, Дарко Атанасов, Зоран Ристов кои учествуваа на трките.  

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата