Вести

Дарио Ивановски со нов рекорд на 1000 метри

width=635

Дарио од А.К. Работнички заедно со неговиот тренер Игор Јакимовски продолжуваат со одличните резултати на македонската атлетска сцена откако викендов на државниот шампионат во 1000 метри тој успеа да истрча за 2:28 минути што е за 4 секунди подобро време од 18-годишниот национален рекорд на Ване Стојанов. 

Ивановски во последниот период остварува феноменални резултати на најразличните атлетски дистанци и веќе се наоѓа на врвот на македонската листа на 800м,1500м, 3000м, 5000м, 10,000м и на полумаратон, а нашата редакција го запримети потенцијалот на овој млад македонски атлетичар уште на самиот почеток на неговата кариера – читајте ТУКА. 

Наредниов период за тимот на Игор и Дарио ќе следат подготовките за Балканското првенство кое ќе се одржи во Романија.

width=635

width=635

← Назад кон архивата