Флора-фауна

Физио-третман на миалгија на вратната мускулатура

Најчесто без особено внимание ги забележуваме првите симптоми како што се :

· Ноќно препотување   · Премореност   · Стрес   · Силни болки   · Вкочанетост

width=259

Ненавременото реагирање на првите симптоми по извесен период доведува до неизбежна ситуација во која мора да престанеме со своите активности за неколку дена за да можеме да побараме соодветен третман за намалување на болката во вратот и подобрување на состојбата.

Мијалгија во главно е позната како мускулна болка или болка во мускулите. Во случај болката да започнува од вратот и да се шири на рамениот појас ,тогаш станува збор за миалгија на m.Trapezius . Болката во мускулите може да трае од два-три дена но и подолго од 15 дена. Болките можат да биде континуирани и може да варираат од умерени до силно изразени болки кои не дозволуваат движење на главата или најчесто состојби во кои пациентот неможе да стане од кревет.

Од миалгија на m.Trapezius најчесто страдаат физички работници,спортисти или компјутерски работници кои поминуваат подолг времески период (денови или месеци ) во несоодветна ергономска позиција.Како превенција од оваа состојба потребно е истите повремено во текот на денот  да ги прекинат своите активности за 10-15 минути и да направат неколку вежби со цел да се подобри периферната циркулација во мускулите и да се раздвижат големите мускулни групи.

width=273

Кога веќе ќе се појави оваа состојба потребно е веднаш да се примени физиотерапија,дури и во периодот на мирување,бидејки физиотерапијата има широка лепеза на техники и методи за третман на болка и можат значително да ја подобрат состојбата.Нормално, третманите за болка можат да траат и по неколку дена имајки предвид специфичност на состојбата т.е во акутна фаза мора да се внимава на соодветната поставеност на пациентот за изведување на третманите.

Така да медикаментозното третирање на болката со аналгетици е само помошно средство на физиотерапевтите за да можат пациентот да го доведат до позиција за комплетен третман.

Во третманот на ваков тип на болка може да се употреби

криотерапија-криомасажа,

мануелна масажа,

кинезиотејпинг,

исхемична компресија на тригер точки,

транскутана електро нервна стимулација ,

фонофореза,

а подоцна и вежби за зајакнување на мускулатурата која со сигурност ке ослабне во периодот на силни болки и имобилност.

width=480

ТЕНС-от е дел од електротерапијата која е најчесто употребувана поради своите извонредни резултати во третманот на болката и несакани ефекти.Главната цел на овој вид на терапија е потиснување на болката ,подобрување на на крвната циркулација,мускулна релаксација, стимулирање на различни анти-воспалителни супстанци кои го поттикнуваат заздравувањето на процесите на вашето тело.Но секако според состојбата на пациентот сепак е најдобро да се комбинираат неколку техники во борбата со болката во вратот.

width=635

Најважно е да се знае дека ние самите можеме многу да си допринесеме во превенцијата од овие состојби со содветни рекреативни техники во текот на денот ,но кога веќе ќе се доведеме во ситуација да неможеме да се движиме потребно е само да побарате едуциран физиотерапевт кој заедно со вас ќе најде излез од оваа состојба.

  • Блаже Арсов – Дипл.Физиотерапевт
  • 070/772122
  • arsovblaze@gmail.com
  • secretary@fizioterapevt.org.mk
  • www.fizioterapevt.org.mk

← Назад кон архивата