Прв до Врв – Одличен настан и прекрасен ден со тимот на Scout Outdoor Shop

Ние си поминавме супер, запознавме многу позитивни и насмеани учесници, но и некои кои беа по малку и разочарани од своите постигнати времиња. Дечки и девојки главата горе, гледајќи Ве како пристигнувате на крајната линија, ЗА НАС, СИТЕ ВИЕ БЕВТЕ ПОБЕДНИЦИ! 🙂
Тимот на Scout Outdoor Shop, учествуваше на настанот Прв до Врв во повеќе дисциплини, како планинско трчање, друмски и планински велосипедизам, како и со штанд на врвот каде учесниците можеа да поразговараат со нашите вработени, да се информираат за новите технологии и производи од светски познатите брендови кои ги застапуваме.
Голема благодарност за учество и претставување на тимот на Scout Outdoor Shop до Јован Тикваровски, Виктор Алаџаков, Борјан Петровски, Владимир Ивановски, Слободан Бобо Стаматовски, Дејан Тимковски и Марин Николов. Дечки се надеваме дека и во иднина ќе не претставувате на вакви прекрасни Аутдор настани.
Scout Outdoor Shop организираше и натпревар во фрлање на пикадо, каде за најуспешните доделувавме технички маици со нашето лого. Честитки за најпрецизните и најстабилните раце. 🙂



Голема благодарност и до организаторите, момци одлично завршена работа, продолжете така. 🙂
Scout Outdoor Shop ќе биде секогаш и секаде со Вас! 🙂