Флора-фауна

Добро, што е со рекордиве?

Во подвигот наречен Relay for Life одржан во Феирфакс, САД, младиот Ендру Шапиро во еден ден успеа да сруши дури три светски рекорди во подигање на вратило – зборот од кој најчесто ви се темни кога ќе биде изустен од вашиот тренер.

Во ова маратонско изведување на оваа едноставна вежба 🙂 младиот Ендру успеа да направи 3515 подигања за 6 часа (светски рекорд), до 12 часа тој имаше бројка од 5742 со што повторно имаше подобра бројка од претходниот, а бидејќи дента му имаше тргнато прилично добро, Шапиро реши да оди и на 24 часа.

Веќе на 15 часа тој ја имаше бројката од 6800 подигања што ја имаше поставено Чехот Јан Карес во 2015 година, а Шапиро продолжи до 7306 за 18 часа по што престана.

Подвигот беше следен од 15 судии и несомнено дека ќе влезе во книгата на Гинисовите рекорди, а за информација, едно чисто подигање се смета она каде брадата ќе ја мине шипката.

Една од редовните тренинзи на младото момче била 10 повторувања на секоја минута во текот на 6 часа додека гледал Војна на Sвездите, Индијана Џоунс и други филмчиња, а мотивацијата за сето ова е дојдена од неговиот татко кој веќе 5 години е во борба со ракот на дебелото црево.

4000 долари беа собрани на овој настан а истите ќе одат како хуманитарни средтства за Американската Канцер Асоцијација.

← Назад кон архивата