Прв меѓународен турнир во женско борење „9ти мај”


Турнирот беше од промотивен карактер со цел развој и унапредување на социјалната кохезија меѓу младите. Промоција на социјалните, етичките и моралните вредности, како и создавање на услови и можности за учество во олимписката спортска дисциплина – женско борење.

Организаторот на овој турнир ПБК „БЕЗБЕДНОСТ” изјави дека ваквите настани се неопходни за враќање на масовниот, квалитетниот и врвниот спорт борење и токму затоа ќе се труди турнирот “9-ТИ МАЈ ДЕН НА ЕВРОПА” да биде препознатлив бренд за женското борење.