Вести

Кираџиева и Ивановски најдобри на 10 илјади метри

width=635

Во женска конкуренција нашата најдобра маратонка Весна Кираџиева го освои првото место и постави национален рекорд во оваа дисциплина од 40мин 37сек. Втора беше Рената Соколовска, а трета Адријана Поп Арсова.

width=540

Во маска конкуренција нов државен првак на 10,000м е моментално нашиот најдобар атлетичар на средни и долги патеки Дарио Ивановски кој продолжува со фантастичната сезона. Втор беше Димитар Илиев кој е исто така млад талент и кој многу напредува и ветува со своите резултати, додека третото место му припадна на минатогодишниот шампион Атанас Анцевски.
Екипно во машка конкуренција првото место го освои АК Работнички, а кај жените АК Делта. 

← Назад кон архивата