Друго

„Мојот град” фото натпревар

width=595

Секоја година Европската агенција за животна средина организира натпревар поврзан со еколошки предизвици. Оваа година фокусот е ставен на градовите. Големиот предизвик е:

„Како градовите да обезбедат висок квалитет на живеење во здрава урбана животна средина?”

За таа цел се потребни многу различни креативни погледи и изразувања на жителите од европските урбани средини (и ние спаѓаме тука).

Предизвикот:

Околу 75% од населението на европскиот континент живее во урбаните средини. Градовите се клучни центри на културата, образованието, здравствените услуги а воедно и движечки мотори на економијата. Мешовитоста на луѓе, бизниси и услуги во градовите отвара можности за создавање на поефикасно живеење.

Но од друга страна, многу градови се соочуваат со тешкотии да одговорат на социјалните, економските и еколошките проблеми кои се јавуваат од пренаселеноста или од одселувањата, општествената нееднаквост, загадувањето и сообраќајните метежи.

Во исто време, урбаните средини се многу зависни од мајка природа и нејзините ресурси кои се надвор од градовите. Целиот тој урбан живот во градовите си има свои основни потреби како енергија, вода, храна, складирање на отпадот, абсорбција на штетните емисии, а сето тоа е на грбот на надворешната средина. Еколошките предизвици и можностите за урбанизација се многу тесно поврзани.

Со фото натпреварот, европската агенција за животна средина ве повикува да си го изразите своето мислење за поимот урбана животна средина. Можете да изберете било кој европски град и да раскажете позитивна или негативна сторија преку фотографијата што ќе ја испратите.  

width=635

Ако сакате да учествувате треба да се фокусирате на следните три категории:

  • Одржлив животен стил во градот – Како мојот животен стил влијае на животната средина? Moжам ли да ги променам навиките за трошење и исхрана? Туширање или капење во када? Соларни панели или градина со зеленчук на мојот покрив?
  • Патување низ градот – Ќе возам велосипед или ќе патувам со кола? Кој е најбрзиот и најрелаксирачкиот начин за да стигнам до работа или до училиште? Дали уживам при патувањето со јавниот транспорт?
  • Oдмарање во градот – Лежерно во паркот или пливање во езеро? Oдење на театар или на трчање? Кој е најдобриот начин да се осети мојот град? Како го поминувам моето слободно време?

Победниците во секоја од овие категории ќе бидат наградени со по 1000 евра, а победникот од гласањето на јавноста и од категоријата млади учесници ќе добијат по 500 евра.

Натпреварот е отворен за учество до 15ти Август 2016та. 

За повеќе информации и како да учествувате кликајте овде. 

 

← Назад кон архивата