Следете ја македонската трчачка екипа на 100-те милји на Истра 2016


100 Милји Истра претставува најголемиот настан во планинско трчање во Хрватска кој во своите четири години има прераснато во вистинско уживање и широко позната интернационална трка. Оваа година на репертоарот се 4 големи трки, на 160км т.е. 100 милји, 110км, 67км и 42км. а нашите 15 луѓе заедно со тројцата пријатели од Србија и Америка се веќе во Умаг и ни ја доловуваат атмосферата преку неколку фотографии.

Жикица Ивановски е веќе има стартувано на трката од 100 милји – во превод 160 километри со 6500 метри висинска денивелација. Пенева Тања, Светлана Стојановска, Димитар Поповски, Дејан Крле, Игор Пирковски, Игор Јовановски, Игор Јосифов и пријателот Синиша Станковиќ се на трката од 110 километри со 4300 метри висинска која стартува вечер на полноќ.
Тања Манчева, Игор Делов и Михаил Стефанов се на трката од Бузет до Умаг која е со должина од 67 км. и 2200D+, а Мартина Милева, Ивана Грче, Трајче Панковски, Софија Панковска, Ејми МекГолдрик од Америка и Морвен МекЛин од Шкотска се на трката од Мотовун до Умаг – 42км со 1000D+

На сите контролни точки од трките ќе има во живо следење на тркачите на stotinka.hr па доколку имате желба да видите како им оди потребно е само да ја најдете трката во која учствуваат и на филтерот да побарате по име, презиме или држава.
Нашиот тим им посакува добро време и лесни нозе, а на вас ви препорачува да ѕирнете како беше мината година на овој ЛИНК.



