Свесно одење


На многумина им се случува кога ќе седнат во медитација да почнат да чувствуваат напнатост, досада и деконцентрираност бидејќи умот тешко се смирува. Кај динамичката медитација пак, лесно се развива јаснотија и снага на умот низ насочено внимание на дишењето, движењето и ‘рбетниот столб.
Постојат мерења според кои е откриен дека аурата или енергетското поле околу телото во облик на сфера има минимален радиус од 30 см. Кога нашиот фокус е надвор од таа сфера, енергијата се растура, што прави да се чувствуваме послаби. Но кога нашиот фокус е во таа сфера, енергијата циркулира во нашето енергетско поле што не прави поснажни и ни го штити и јакне имунитетот.
Така, главна идеја на која се темели Свесното одење е ротирање и циркулација на нашата енергија внатре во сопствената аура која јакне со оваа техника. Моханџи вели, дека 30 минути Свесно одење можат да имаат ефект како 3 саати седечка медитација.
Придобивки од оваа медитација се подобрена рамнотежа, зголемена енергија и виталност, намалување на анкциозноста, зголемување на самодовербата, зголемена себе-контрола, намалување на емотивни блокади, зголемена јаснотија на умот и зголемен имунитет од негативности.
Свесното одење се одржува бесплатно секоја Недела во 9 часот во Градскиот парк со почеток од пред Луна паркот, а трае 30 минути. Сите кои се заинтересирани да ја научат оваа техника на медитација можат да се приклучат во Градскиот парк или да побараат повеќе упатства на оваа мејл адреса.