Вести

Марјан Бонев прв на трка со препреки во Баварија

width=635

Трката се одржа во малото градче Фусен во Сојузна Баварија. Се трчаа и преминуваа препреки главно на пресушениот дел од езерото Форген, на кејот на реката Лех и во самиот центар на градот. Трчање десетина километри во кал, преминување на брзи реки, пливање под мрежа, носење вреќи по стрмнини нагоре-надоле се само дел од препреките кои не изостанаа и на оваа трка, но сепак најпредизвикувачката која мал дел натпреварувачи ја поминаа без користење на јаже беше преминувањето на 4,5 метри висока конструкција.

Оваа трка е дел од низата на трки со препреки кои се во календарот на Бонев за оваа година. Сепак тој истакна дека најпредизвикувачка и најтешка очекува да биде Европското првенство на трки со препреки кое ќе се одржи на 11ти Јуни во Холандија.

width=635

Пред скоро (1ви Март) Бонев истакна дека како единствен Македонец кој досега се има квалификувано за учество на ова првенство, искрено се надева дека ќе биде биде поддржан од Општината, државните институции или успешните бизнис во достојно претставување на Македонија на истото.

Ова беше трета трка на Бонев во оваа година и втор подиум откако пред 2 седмици освои трето место на планинската трка Kopaonik SkyTrail во Србија.

width=533

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата