Каланоски подготвен за Белградски Полумаратон


Како и секоја работа,и пред почетокот за припрема на полумаратон мораме да си поставиме одредена цел која сакаме да ја оствариме.Кога целта е веќе пред нас,мораме квалитетно да и се посветиме, без обзир на формата во која се наоѓаме. За Полумаратон потребна ни е инспирација,волја,мотив и упорност.Ова се неколкуте факти ако сакаме да стигнеме до целта и да си го оствариме успехот кој долго ќе го паметиме. Јас не сум почетник имам учествувано на повеќе трки моите тренинзи се: Понеделник 15-20 км Вторник 15-20 км Среда 15-20 км во Четврток и Петок имам одмор рехабилитација на телото за во Сабота и Недела да направам 25 км наредните 2 Полумаратони ми се во Белград и Скопје се спремам и давам сее од себе за да го постигнам мојот најдобар резултат.Ако се спремате за првиот Полумаратон еве ви програма како почетници со тренинзите треба да започнете лагано телото ќе се навикнува на ново темпо.
Пред тренингот секогаш направете квалитетен одмор.Треба да тренирате редовно 3 до 4 км. во тренинг за време од 20 до 30 минути најмалку 3 пати неделно.Припремите ќе ги започнете 4 месеци пред трката на тој начин ќе ја постигните посакуваната кондиција и издржливост.
За време на викенд ќе ја зголемите километражата и постепено ќе го навикните телото на се повеќе напор.Бидете упорни и не се предавајте.Најважно е поставеното време секоја недела да има напредог.Пред да размислите за припрема за полумаратон проверете дали сте здравствено спремни за таков потфат.Доколку се осечате спремни,а тоа го потврди и вашиот лекар,време е да почнете да се спремате за вашиот прв полумаратон! Правилната спортска исхрана како и хидрацијата на телото се многу важни во текот на тренингот и припремата.Припазете да внесите се повеќе високовредни намирници.