Вести

Бојан Петров цели кон „Хималајската круна”

width=635

На последната пресконференција одржана во Софија пред една недела бугарскиот алпинист Бојан Петров изјави дека го започнува неговиот проект наречен „Българин към 14х8000″ со визија да стане првиот Бугар и воопшто Балканец кој ќе ги искачи сите 14 врвови повисоки од 8000 метри светот – уште позната и како „Хималајска круна”. 

Досега, бугарскиот биолог по професија се има искачено на пет од овие 14 врвови и тоа на Гашербрум I, Канченѕонга, Броуд пик, К2 и Манаслу, а на 12 март овој викенд тој замина за Катманду откаде ќе се започнат неговите две следни експедиции на Анапурна (8091 м) и Макалу (8481 м). 

width=635

Планот за оваа година е да се направи напор за искачување на смртоносната Анапурна која може да се атакува доста рано во сезоната, за потоа, со евентуален успех таму, да се врати во Катманду и да се оди на Макалу. 

Прв кој успеа да ја комплетира оваа Хималајска круна беше Реинолд Меснер и тоа без користење на суплементарен кислород, а според записите објавени на нет, само 33 души досега го имаат комплетирано овој потфат. Втор после Меснер беше Јежи Кукучка кој 27 години го држеше најбрзото време за комплетирање на Хималајската круна по што го доби и славното „Ти не си втор, ти си голем” изјавено од Меснер. 

Досега Македонија го има името на Здравко Дејановиќ запишано на три Хималајски врвови повисоки од 8000 метри над морето – Еверест, К2 и Анапурна. 

title=На

← Назад кон архивата