Повторно врвни успеси на нашиот тим – 4 натпреварувачи – 5 медали


Учестуваа тимови од Хрватска, Србија, Босна, Црна Гора, Германија, Австрија, Италија, Словенија, Чешка, Полска, а боите на нашата држава ги бранеа 4 членови од “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” под водство на Претседателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица.
На овој турнир со 4 претставници освоивме 5 медали (две златни, еден сребрен и два бронзени медали) и тоа:
- Стефан Пецевски во категоија на плави појаси освои 2 златни медали (категорија и абсолутна) и беше од борците кои освоија најмногу победи на овој турнир.
- Мартин Стефановски – во категорија на плав појаси по победата со зафат во полуфиналната борба, во финалето загуби и го освои сребрениот медал.
- Сандра Јанкова – во категорија на плави појаси во полуфиналната борба повторно мораше да се бори со противничка од Словенија која беше потешка за 10 килограми и неколку-кратен шампион во џудо. Јанкова го освои бронзениот медал.
- Славчо Стојановски – во категорија на бели појаси „Мастер” ја загуби полуфиналната борба и го освои бронзениот медал.
Нашиот тим поради финансиски проблеми отидте со мал број на претставници, но како и секогаш достоинствено нè претставија, како нашата школа, така и нашата држава.

