Вести

Фитнесот во средна доба ви го избиструва умот на старост

width=635

Студијата спроведена од страна на медицинскиот факултет на Бостонскиот Универзитет наоѓа корелација според физичката спремност и волуменот на мозочна маса. За целите на истражувањето една група од околку здрави 1500 испитаници без никакви знаци на кардиоваскуларни заболувања или покачен крвен притисок пред две децении биле подложени на едноставен тест на трака за трчање.

Истиот тест го направиле уште еднаш по 20 години, со дополнителен МРИ скен преку кој може да се измери волуменот на мозочната маса. Генерално испитаниците кои подобро прошле на тестовите на траката за трчање имале и поголем волумен на мозочна маса. И обратно.

Д-р Никол Спартано вели дека нејзиното истражување не докажува дека лошата физичка спремност директно го намалува мозочниот волумен, но вели дека дефинитвно потврдена е корелација помеѓу овие две.

Освен мозочната маса, фитнеот во средната доба може да превенира и повеќе други состојби. Прочитајте нешто дополнително на следниот линк: ФИТНЕС ЗА ДА НЕ ВЕ ТЕПА ВНУЧКО ВО ШАХ

← Назад кон архивата