Идризи – „Се надевам дека ќе се вратам со медал од Кипар”


„Максимално сум подготвен за Европското првенство, тренирав по два пати на ден и со право се надевам дека ќе се вратам со медал. Јавно му се заблагодарувам на тренерот на КК Фунакоши Гичин, Стојан Андриевски, кој не се штедеше себеси за да ме тренира, како и тренерите на Макпетрол, Бошко Заборски и на Куштрими, Ирфан Алиу и Исмет Шерифи, кои помогнаа физички да се подготвам, како и тренерот на Шкупи, Сабри Рамадани, кој ми дозволуваше да ја користам салата за тренинг.”
