Флора-фауна

Зошто нè привлекува брзата храна?

width=635

Како што за некои луѓе постои привлечност за брзи и опасни автомобили, за некои жени „лоши момчиња” и обратно, така некако потсвеста е привлечена и од храна која ја доживуваме како опасна и забранета.

Истражувачите од Меѓународната школа за напредни студии во Италија направиле истражување врз 57 луѓе за тоа како доживуваат различни намирници на свесно и потсвесно ниво.

Испитаниците направиле низа на едноставни тестови и разговор за позитивните или негативните чувства во врска со некоја храна. Резултатите според Франческо Форони покажале дека „храната и стимулите кои потекнуваат од храна многу силно го привлекуваат вниманието и силно влијаат врз извршувањето на секојдневните задачи без разлика што се ирелевантни за нивното комплетирање.”

Колку понегативни биле чувствата кон некоја намирница и колку понездрава била истата за испитаниците толку посилно биле привлечени. Истражувачите сметаат дека ова се должи на вродената способност да го свртуваме вниманието кон било каква опасност со цел да ја избегнеме, меѓутоа кога станува збор за храната нажалост изостанува делот со избегнувањето.

← Назад кон архивата